Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за убиството на Росица: МВР поднело кривична пријава, Обвинителството е тоа кое не побарало притвор, а судот донел условна пресуда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за убиството на Росица: МВР поднело кривична пријава, Обвинителството е тоа кое не побарало притвор, а судот донел условна пресуда
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за убиството на Росица: МВР поднело кривична пријава, Обвинителството е тоа кое не побарало притвор, а судот донел условна пресуда

Објавено September 18, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби.

Министерот, во интервју на Тема на денот на Сител, потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени.

Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа држава изрекува мерка затвор односно казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор, кој во оваа држава единствено може да поднесе обвинение? На првото прашање одговорот е единствено судот може да определи мерка притвор, на второто прашање единствено обвинителство може да предложи мерка притвор. Во оваа ситуација, јас не велам дека имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола, ќе покаже истрагата дали Министерството затаило или не затаило, ама срамно е да се лаже јавноста и да се манипулира јавноста Тошковски е крив. Зошто? Зошто судот досудил условна осуда. Зошто е Тошковски крив? Заради тоа што јавното обвинителство не побарало притвор, рече министерот Тошковски.

Според него, треба да се постават други прашања дали за овој тип кривични дела треба да има построги санкции, дали треба поинаку да се процесуираат во рамки на ЗКП и друго.

За најавата дека утре ќе има протести пред МВР во врска со фемицидот во Велес и други убиства на жени, министерот за внатрешни работи рече дека не го оспорува правото на протест, но оти се знае кој е суд во државата, а кој обвинител.

Тошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава за сторителот и прашува дали обвинителството побарало притвор.

Изрекол ли судот мерка притвор за убиецот? МВР поднело кривична пријава. МВР ги презело дејствијата што требало да ги преземе. Дали тие биле навремени, соодветни, согласно професионални стандарди ќе провериме ама ја поднело кривичната пријава. Зошто обвинителството не побарало притвор? Зошто судот кога ја донел пресудата донел условна пресуда? Зошто не донел казна затвор? Да донел казна затвор и да утврдел мерка притвор сега Росица ќе беше жива, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ван Дајк херој на Ливерпул, Баерн пресилен за Челзи
Следна Статија (Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евакуирана првата група македонски државјани од Израел

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром, објави министерот за надворешни…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?