Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик
ХРОНИКА

Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Објавено September 18, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември.

Основното јавно обвинителство во Штип,  покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за ФК „Шкупи”.

Незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на ФК „Брегалница”. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели во соопштението од ОЈО од 25 август.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш му изрече најстрога казна  исклучување од фудбалска организација на играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор. Покрај него на уште двајца фудбалери на „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот им е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци. Казна да не игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. За овој инцидент има и мерки и за двата фудбалски клубови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина
Следна Статија Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Педофили фатени на дело: 40 годишни мажи договараат средби со 14 годишни девојчиња

На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од организацијата „Пантери“ која во живо фаќа луѓе кои договараат средби со малолетнички. Лицето на…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Кучи, се врати во Македонија.…

April 14, 2025
ХРОНИКА

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа е уапсено, соопшти Тошковски

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа иако не ги исполнувала…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?