Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

Објавено September 18, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените.

Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело.

„Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик којшто се усогласени со истата“, изјави Тренчевска.

Оваа реакција доаѓа по двојното убиство во Велес, како и зачестените насилства врз жените што се случија во државата.

“Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени. Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, рече Тренчевска.

Во своето обраќање, таа посочи дека насилството врз жените мора да биде јавно осудено и институционално санкционирано.

„Ние, жените од парламентот, едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид. Ова реакција на Клубот на жени пратеничкисакаме да допре до сите граѓани и до сите институции во државата со цел ефикасна превенција, заштита и спречување на насилството врз жените“, изјави Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко
Следна Статија Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВЛЕН веќе го подготвува оправдувањето за пораз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. -Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, билетот ќе чини 150 денари

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро…

May 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани се возеше велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?