Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката
ЗДРАВЈЕ

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Објавено September 18, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција која е наменета само за жени-учеснички, со цел да се даде поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка. Искачувањето ќе биде на 4 октомври (сабота), а почетна точка е паркингот на Попова Шапка на 1700 метри надморска височина.

-Дојдете заедно да врземе розева панделка во знак на поддршка за сите жени кои се соочуваат и храбро се борат против ракот на дојката. Со оваа акција даваме поддршка на жените кои се на било кој начин најдени пред предизвикот да се совлада оваа болест, поттикнуваме создавање здрави навики и физичка активност, го негуваме менталното здравје и силата што ја носи престојот во природата, испраќаме порака дека не сме сами во борбата – заедно сме посилни, се вели во повикот од НП „Шар Планина“.

По поаѓањето од големиот паркинг на Попова Шапка, предвидено е движење кон планинскиот објект „Конак“ и потоа по летната „Вакавска“ патека искачување до највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв на 2747 мнв. Враќањето ќе биде по истата патека која има вкупна должина од 21 километар. За оваа планинарска активност задолжително е пријавување на заинтересираните учеснички кај Сибел Јакуповиќ (070 220 246).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украле бронзена биста од гробиштата Бутел: Уапсени четири лица од Скопје
Следна Статија Правеле далавери со давачките за увоз на половни возила: Кривични за 11 лица во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе…

March 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија,…

October 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?