Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Објавено September 19, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот на Движењето „За наша Македонија“ (ЗНАМ) и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски орговарајќи на прашање „дали им здодеал на кумановци“ со тоа што од нив на локалните избори ќе бара поддршка за трет градоначалнички мандат.

– Ако нешто добро ви оди … а се надевам граѓаните знаат тоа да го препознаат и ќе ја добијам нивната поддршка. Во спротивно, ќе продолжам со секојдневниот живот и со политичкиот активизам, зашто ние како ЗНАМ допрва почнуваме на политичката сцена, една и пол година е стара партијата, рече Димитриевски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Посочи дека во првиот мандат финансиски ја стабилизирал, како што рече, најзадолжената општина, а во вториот мандат биле направени неколку капитални проекти во урбани и во рурални средини. Горд е, рече, на големиот дистрибутерски центар на Лидл во Куманово како најголема инвестиција на странски инвеститор во државава.

За овие локални избори договорено е поддршка да има од ВМРО-ДПМНЕ која во Куманово и во Центар ќе нема свој кандидат иќе ги поддржи кандидатите за градоначалник што ги предлага ЗНАМ. Како што рече, немаат кандидати за сите општини затоа што, рече, сакаат да победат, не само да учествуваат.

– ЗНАМ не е толку голема партија да ги покрие сите општини … Значи кога имаш поддршка од една таква голема и сериозна политичка партија, додаде Димитриевски.

Верува дека ќе ја задржат поддршката од граѓаните и дека „не постои причина ЗНАМ да ја изгуби поддршката“ што ја добиле на претходните избори.

-Затоа што сметам дека по ниту една основа немаме разочарано никого освен некои поединци кои многу очекуваа на личен план, изјави лидерот на ЗНАМ.

За исходот во албанскиот политички блок, тој не смета дека ДУИ ќе има подобри резултати од Вреди на изборите. Како што рече, сè додека ДУИ однатре не се реформира како политичка партија и „не ги промени сите луѓе што беа епицентарот на криминалот и корупцијата во државата, ДУИ ќе биде третиран на ист начин“.

Во интервјуто Димитриевски се осврна и на 17-те месеци работа на Владата во која ЗНАМ е коалициски партнер. Во однос на застојот во реформите во правосудството, ресор што го води министер од неговата партија, Димитриевски рече дека Игор Филков подготвил 22 закони, но, рече, „законите не ги носи министерот, туку Собранието, а претходно поминуваат во владина постапка“.

-Ако ги следите неговите изјави, ќе видите колку закони се пуштени во владина процедура. Но, не може да биде нешто завршено за една и пол година што претходно не било завршено за цели осум или девет години. Измените во Кривичниот законик направени за 48 часа денеска нè доведоа до ситуација да имаме еден куп со направени кривични дела, а притоа со истиот закон се амнестирани и не можете да ги видите пред лицето на правдата. Што се однесува до Кривичниот законик, и тој е подготвен, неколку пати е разгледуван во Владата, последната изјава на премиерот, сепак неговиот збор е конечен во Владата, беше дека мора да го додефинираме членот за злоупотреба на службена положба, рече лидерот на ЗНАМ.

Ги спомна и донесените пакет закони за јавна администрација што ги спроведува Министерството предводено од кадар на ЗНАМ, министерот Горан Минчев, при што потсети дека е укинат т.н. балансер.

-Јас сум задоволен од моите министри, но, сепак, конечната одлука тука ја има мандатарот, тоа е премиерот, и доколку реши за реконструкција, ќе треба да ја објасни првенствено на мнозинството во парламентот и – зошто да не, доколку има потреба од тоа. Дали можат да се подобрат некои работи, секогаш можат, рече Димитриевски.

Соопшти дека ќе ја прифатат националната платформа што ја предлага лидерот на СДСМ Венко Филипче, но, рече, да не биде како со францускиот предлог, туку „национално да не се подгазиме по ниедна основа како нација и да не го загрозиме нашиот јазик, идентитет, култура, континуитет и самобитност“.

Во однос на серијата подметнати пожари и дали смета како и премиерот Христијан Мицкоски дека тие се хибридни напади, Димитриевски кажа дека и во Куманово често се случуваат пожари на исти локации подметнати од граѓани заради свесно уништување. Како што рече, треба да се смени законот бидејќи „казнената политика е катастрофална“.

-Премиерот досега изнесе многу работи за кои подоцна се потврди дека е во право и сметам дека истите се исценирани, особено во предизборен период … Постои сомнеж и апсолутно се согласувам со премиерот дека постои поврзаност особено со локалните избори. Ќе видите, ќе поминат овие избори и сè до парламентарните избори ќе се смири. Тоа ни се случуваше и во минатото, но проблем е што немаме изградено систем, изјави Димитриевски во „Само интервју“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација
Следна Статија Во тек е голема полициска акција во Македонија против шумската мафија – падна директор, полициски началник, полицајци, газди на фирми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на…

June 18, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?