Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара Тошковски да поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара Тошковски да поднесе оставка
ПОЛИТИКА

СДСМ бара Тошковски да поднесе оставка

Објавено September 19, 2025 10:46
Сподели
Сподели

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното –  човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ.

Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи кои ги направи Тошковски го срозаа МВР, ги истиснаа професионалците и го претворија во партиски инструмент. Со тоа се изврши директен удар врз функционирањето на најважниот дел од безбедниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден.

Додека МВР се водат како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе живеат во страв.

После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила, престрелки кои се случија додека Тошковски е на чело на МВР неговата одговорност е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните.

Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поврзаноста не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан
Следна Статија (Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: „Ако сака борба против корупција, Мицкоски прво нека се уапси себеси“

Опозициската СДСМ денеска (2 февруари) излезе со остро соопштение во кое ја оспорува автентичноста на најавите за „борба против криминалот…

February 2, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вториот изборен круг да биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Аеродром, на една од најкритичните сообраќајни…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?