Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!

Објавено September 20, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува обвинителите и судиите во Македонија да имаат поголеми плати, нешто што го бара ЕУ, преку Планот за раст, односно во рамките на Реформската агенда.

Имено, во т.н реформски закони, кои треба да претрпат промени, а со кои се опфаќаат и законите на јавнообвинителска и судска слуба, предвидено е и зголемување на платите на судиите и обвинителите. Токму против ова е премиерот Мицкоски, кој вели дека не се согласува да им се зголемат платите на оние кои имаат доверба само 2% во последните неколку години.

-Нема да го прифатиме ни барањето за зголемување на средствата за судиите и обвинителите кои во измените на законите бараат за судството да се обезбедат 1,3 отсто од БДП годишно или двојно повеќе отколку што е во моментов. Тоа би значело 100 милиони долари годишно, а за некоја година 250 милиони долари. Лично сметам дека и овие плати што ги земаат во моментов не ги заслужуваат зошто имаат рејтинг од само 2 отсто. Со тоа што го бараат платите на судиите и обвинителите би се движеле од 300 до 350 илјади денари месечно, изјави Мицкоски на брифингот со новинарите.

Тој, сепак посочи дека Министерството за финансии веќе подготвува компаративна анализа, односно споредба како е во земјите членки на ЕУ. Ќе бидат земени примери од Германија, Франција, една од скандинавските земји, од една земја од централна Европ (Унгарија, Чешка), како и од Хрватска.

Освен што е против зголемувањето на платите на судиите и обвинителите, Мицкоски вели и дека нема да се прифати барањето на ЕУ за либерализација на цената на струјата за домаќинствата. Тој е на ставот дека на краток рок, ваквите промени би донеле неколкукратно поскапување на струјата за домаќинствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик повеќе не е претседател на Република Српска
Следна Статија Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Карадакоски ќе биде погребан утре, телото вчера донесено во Македонија

Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски

Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Христијан Стојанов е уште еден херој кој спасувал животи во Пулс: Денови не можев да заспијам од глетките кои ги видов

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?