Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО
МАКЕДОНИЈА

Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО

Објавено September 20, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) крвари на многу места“. Ова го рече директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во интервју за порталот 360 Степени.

– Ние имаме загуба на позитивна листа со лажни рецепти. Имаме загуба… позитивната листа е 50 милиони евра. Имаме загуба со лажни боледувања. За боледувања плаќаме 80 милиони евра годишно. Само како Фонд, без работодавачите. Имаме загуба во лекови, во неконтрола на болничка употреба на лекови. И, морам да кажам дека нашиот приоритет е да се посветиме на најмногу контрола таму каде што имаме најголем ризик. За споредба, сите кардиологии заедно имаат помал буџет од една клиника – Клиниката за онкологија. Јас постојано ги охрабрувам граѓаните, и од таму каде што требало да биде нешто направено, а не било направено, да поднесат претставка и ако смеаат дека се прекумерно наплатено, односно дека нешто не требало да биде направено, да поднесуваат претставки кон нас бидејќи надвор од редовните контроли ние немаме механизми за постапување – вели Клековски.

На прашањето дали ја исклучува можноста дека Фондот „крвари“ и од кардиохирургијата, односно преку исплата на пари за операции кои не требало да се случат. Остави простор дека таа можност постои, но кажа дека граѓаните најчесто се жалат на друг тренд.

– Значи, не дали е оправдана или не е оправдана интервенцијата, туку кој кого каде упатува. И не е тајна дека одредени кардиолози упатуваат пациенти во одредени болници. Меѓутоа имаме многу расправа со стручната фела, дали правото на избор на лекар е над протоколите за упатување на пациентите. Бидејќи често се случува да се прескокнуваат нивоа. Моето очекување е кардиологот од Струмица да го упати пациентот во Клиничката болница во Штип, а не директно во некоја од скопските болници, јавни или приватни. И тука има голема расправа. Се надевам дека со уредување на патоказите, кој пациент каде треба да биде упатен, спреме најблиската локација каде се врши таа интервенција. Бидејќи во неелективната кардиологија, таа што може да се планира, во итната кардиологија времето е и те како важно – изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОРСМ, во интервју за 360 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари
Следна Статија Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер ,,Уста” (ВИДЕО)

Новинарот и водител на ,,Шоуто со Богдан Илиевски” познат и како  Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?