Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри
ПОЛИТИКА

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Објавено September 20, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по неодамнешниот пожар во Трубарево, со што, како што рече, директно е одговорна за труењето на жителите од ова и околните населени места.

Власта лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација. Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца“, предупреди Филипче.

Тој порача дека одговорност мора да има и бара оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

Министерството за животна средина вчера ги објави резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот во Трубарево по пожарот што изби минатата сабота. Според извештајот на акредитираната лабораторија, примероците земени на 13 и 14 септември покажуваат сериозно надминување на дозволените вредности на штетни материи во воздухот. ПМ10 честичките биле речиси двојно над максимално дозволената граница, со измерени 92,65 микрограми на кубен метар, наспроти дозволените 50. Концентрацијата на олово изнесувала 0,75 микрограми на кубен метар, и таа исто така ја надминува дозволената вредност од 0,5. Покачени биле и нивоата на арсен, со 8,9 нанограми на кубен метар, додека дозволеното ниво е 6. Најдрастично отстапување е забележано кај кадмиумот, каде што се измерени 59,1 нанограм на кубен метар, што е повеќе од десет пати над границата од 5.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје, со еден клик до сите градски услуги
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

С Македонија самата се блокира на патот кон Европската Унија, зашто не е подготвена да ги исполни критериумите за членство,…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?