Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Објавено September 20, 2025 14:53
Сподели
Сподели

Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Како што изјави Меџити, се чека да се создадат услови за да се делува. Ќе се направат сите неопходни анализи на водата и почвата врз основа на кои ќе се преземат и соодветни мерки.

Владата институционално делуваше и за кратко време успеа да се справи со огнот, со катастрофата. Луѓето кои беа блиску беа евакуирани, пожарникарите делуваа херојски и за еден ден се затвори овој проблем. Нормално, каде што има оган од такви размери има и загадување, затоа Министерството ги ангажираше и акредитираната лабораторија и приватни лаборатории. Има анализи и јавноста е транспарентно известена за состојбата. Ќе направиме се што е потребно за санирање на штетите. Чекаме да се создадат услови. Ќе има анализи на почвата, водата и на се што треба, па врз основа на тоа ќе се преземат соодветни мерки, истакна Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по прмотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник.

Пожарот во Трубарево избувна во саботата, на 13 септември. Се запали објект со непрописно складиран отпад. Поради обемот и опасноста, пожарот не можеше да се стави под контрола. Зафати најголем дел од складираниот електричен отпад и објекти на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвика масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЕФА го исфрла Израел од сите фудбалски натпреварувања!?
Следна Статија Филипче да не глуми лажна загриженост и да им се извини на граѓаните за катастрофите во негово време, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден, дисциплинска за двајца полицајци

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар, пронајден токсичен пестицид

Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Македонија, објави Европскиот…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?