Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола
ХРОНИКА

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Објавено September 20, 2025 20:39
Сподели
Сподели

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ. (40) од Битола и П.Д. (38) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност.

„На 12 јули годинава, околу 2.05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени 7 возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело“, соопшти битолската полиција.

Вчера и денеска по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола се извршени претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што се пронајдени една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела, се додава во соопштението.

„Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ“, се вели во соопштението од СВР Битола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бошко Ѓуровски се чувствува добро, по моменталниот колапс на комеморацијата на Миловановиќ
Следна Статија Португалија официјално ја признава Палестина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопје, беше прикажана снимка и…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Се запали цистерна која превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари – кривична за две лица

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за…

September 28, 2025
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар со грабнувањето

Снимката со лопата е дока кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?