Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта
ПОЛИТИКА

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Објавено September 21, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Обраќајќи се синоќа пред граѓаните во Чаир, Османи рече дека последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“ е „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН.

– Кога излегуваат координирано со исти изјави дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника, рече Османи, тврдејќи дека токму стравот од резултатите ги натерал ВМРО-ДПМНЕ да испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог да влезе во владата по локалните избори.

– Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во влада по изборите во октомври. Директно, од ВМРО ДПМНЕ. Затоа што ги гледаат резултатите. Резултатите се три спрема еден, рече Османи.

Тој јасно им порача дека такво сценарио нема да помине. Во стил на изборен манифест, тој го отфрли моделот на „политичко мешетарење“, при што, како што рече, партии и претставници се менуваат по лична волја на премиерот, без изборен легитимитет.

„Ние не сме народ што можат да го потценуваат, излези ти, влези ти“, рече Османи и додаде: „Нема поголемо понижување од премиерот да ти ги одредува претставниците.“

Тој тоа го нарече обид за институционално понижување на цела заедница, каде според него, малцинствата се третираат како да немаат суверенитет.

„Не можете повеќе да не подредувате. Може да седнете со нас, со победникот. Не со нас како такви, туку со победникот. Со оној што има еден глас повеќе од албанскиот народ“, изјави Османи, инсистирајќи дека секоја легитимна влада мора да се формира во соработка со политичкиот претставник кој ќе добие доверба од мнозинството албански гласачи.

Централната порака на говорот беше јасна: „Ние не прифаќаме да не земате и да не давате, тоа може со тие други, кои тивко прифатиле статус на вазали,“ рече Османи.

Османи го претстави својот политички став како отпор против „режимот на подредување“ и побара нов модел на рамноправна коалиција, каде „се договара за целосна еднаквост, за Охридскиот договор, за соживотот и патот кон ЕУ.“

„Вие не земате влада ниту избирате кого било да не води. Народот одлучува кој влегува и кој излегува“, порача Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
Следна Статија Постигнат важен договор меѓу коалициските партнери: „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ќе ги раководат кадри на ВРЕДИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците ќе избира нов лидер на 25 мај – проф. д-р Муедин Кахвеџи најсериозен кандидат

На 25 мај, Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) ќе избере нов претседател, а според направените анкети на социјални…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека ќе гласаат за законот на седницата која се очекува…

January 20, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

СДСМ и денеска бараат одговори во врска со истрагата за трагедијата во Кочани. Дискотеката „Пулс“ работела со блокирана сметка 217…

March 26, 2025
ПОЛИТИКА

Прва седница на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кадровски освежувања

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?