Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски

Објавено September 21, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели и ресорниот министер Цветан Трипуновски, дека веќе е во тек делењето на ваучерите за околу 46 000 земјоделци.

Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци, за оваа мерка се обезбедени 540 милиони денари.

Да, апсолутно. Како Влада имаме таква политика. Веќе е почнато делењето на ваучери за околу 46 000 земјоделци. Сумата за оваа поддршка е над половина милијарда денари, околу 540 милиони денари, министерот реферираше на последната владина седница дека делењето на ваучерите е почнато. Продолжуваме да ги поддржуваме земјоделците зашто тоа ни е најважно како Влада, потенцира Мицкоски.

Тој се осврна и на откупот на грозјето.

При крај е откупот на грозјето, се берат последните количини. Заклучно со вчера имавме околу 90 милиони килограми и ако на тоа се додаат 15 милиони килограми што ги имаат визбите, доаѓаме до 105 милиони. Очекуваме над 110 милиони килограми, имајќи предвид дека лани вкупната реколта беше 75 милиони. Сега имаме меѓу 35 и 45 милиони килограми повеќе грозје. очекувам и поголем прилив од извоз. Годинава повеќе се бараше белото гројзе, но и црното најде место во визбите. Пред да дојдам сега во Зрновци, бев во Чешпиново-Олблешево, разговарав со земјоделците. Сега доѓа на ред оризот, па јаболкото, тутунот,… Имаме план, како завршуав една, почнува друга реколта, секако сите култури и земјоделците ни се во фокус, подвлече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија
Следна Статија Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Амазон доби одобрение за изградба на огромен малопродажен простор во Орланд Парк

Проценетиот простор од 230.000 квадратни стапки ќе им понуди на купувачите општа стока и прехранбени производи

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?