Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се расипа единствениот исправен радар во контролата на летање на Скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се расипа единствениот исправен радар во контролата на летање на Скопскиот аеродром
МАКЕДОНИЈА

Се расипа единствениот исправен радар во контролата на летање на Скопскиот аеродром

Објавено September 21, 2025 23:38
Сподели
Сподели

Расипан е единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонскара навигација (М-НАВ) на скопскиот аеродром, објави порталот „СДК.мк“.

Тоа значи дека од вчеранутро контролорите на летање не можат да ги гледаат авионите на мала висина кога слетуваат.

Од двата радара, едниот врз контролната кула, а другиот во нејзина непосредна близина, кој бил во функција, сега е расипан.

Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, контрорите ќе мораат да ги слетуваат авионите еден по еден.

Ако се погодат повеќе авиони за слетување, ќе мора да кружат малку на него, додека не слета тој пред нив.

Информацијата за „СДК.мк“ ја потврди и директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, посочувајќи дека работата се одвива тековно, но со побавно темпо. Според него, најважно е што нема никаков безбеносен ризик со слетувањето и полетувањето на авионите на скопскиот аеродром.

„Ваквите технички кварови од електорнска природа се нормални појави во авијацијата и кога се случуваат има предвидено соодветни безбедносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услиги кон авиокомпаниите во такви околности“, вели тој.

Единствена промена, според него, е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час.

Контролорите на летање летово се заканија со штрајк ако не се инсталира нова опрема, предупредувајќи дека не само стариот радар, туку и софтверот и останатата опрема ќе почнат да откажуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Бункерот“ на Гвардиола не издржа, Мартинели во 93-та минута му донесе бод на Арсенал
Следна Статија Вардар лидер на табелата во ПМФЛ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ни Башановиќ не може да го спаси СДСМ

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека  во Законот за правична застапеност не се…

May 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме во повеќе делови од Македонија

Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и град има во повеќе делови од Македонија. Интензивни поројни дождови со…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

“Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?