Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведоштво на началник од МВР: Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведоштво на началник од МВР: Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена
ХРОНИКА

Сведоштво на началник од МВР: Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена

Објавено October 16, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денес со сведочење на Музафер Каришиќ, полицаец кој учествувал во потрагата по исчезнатото девојче на денот на нејзиното пријавување. Каришиќ опиша детали од денот кога исчезнувањето било пријавено, истакнувајќи дека таткото на Вања, Александар, се однесувал чудно и постојано велел дека неговата ќерка е убиена, иако потрагата била во тек.

„Со роднина од кај мајката тргнавме да пребаруваме, но таткото цело време седеше во автомобилот и тврдеше дека девојчето е убиено,“ изјави Каришиќ. Според неговото сведочење, таткото одбил да учествува во пребарувањето, што било чудно за сите присутни. Мајката предложила да го проверат станот во Капиштец, каде што немала клучеви, но Александар рекол дека веќе бил таму. И покрај тоа, полицијата ја продолжила претрагата, но таткото продолжувал да тврди дека потрагата е залудна.

Каришиќ опиша дека додека тие пребарувале низ различни места, вклучувајќи скривалишта и напуштени објекти, таткото цело време бил во возилото и изразувал песимизам. „Пребарувавме подруми, гаражи, па дури и Средно Водно, но Александар постојано велеше дека девојчето е убиено и дека залудно трошиме време,“ додаде Каришиќ.

На прашање од обвинителот зошто таткото бил толку убеден дека неговата ќерка е убиена, Каришиќ изјави дека го прашувале дали има долгови или лични конфликти, но не добиле јасен одговор. „Нам ни беше чудно зошто таткото веднаш претпостави дека девојчето е убиено, без да размисли за други можности, како што е фактот дека таа била во пубертет,“ објасни сведокот.

Сведочењето на Каришиќ го отвори прашањето за однесувањето на таткото, што дополнително го комплицира случајот и ја продлабочува истрагата за мотивите и околностите околу трагичните убиства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК
Следна Статија Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

62. жртва по пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Почина тримесечно бебе во Шутка

На 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на…

January 23, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси

Млад човек со нож во рака денеска се закануваше и мавташе по Широк Сокак во Битола, по што полицијата потврди…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Скопјанка нападната од братот, снаата и внукот

На 23.02.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?