Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
БАЛКАН

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Објавено September 23, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.

Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.

Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

-Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност, пишува Кочиу.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.

-Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи, додава таа.

Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска – прв македонски филм во каталогот на National Geographic, во трка за двоен „Оскар“
Следна Статија Почина Никола Пилиќ, поранешниот тренер на Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете

Од буџетските резерви на Србија се префрлаат 1,8 милиони евра на Министерството за семејна грижа и демографија, со цел да…

July 22, 2025
БАЛКАН

(Видео) Маж нападнал студент во Нови Сад, извадил нож

Денеска пред Медицинскиот факултет во Нови Сад, за време на блокадите, постар маж со нож се обидел да нападне студент,…

January 17, 2025
БАЛКАН

Белград: Десетици трактори паркирани околу Претседателството 24 часа пред големите протести, за што ќе се користат?

Неколку десетици трактори утрово беа паркирани пред Пионирскиот парк во Белград, во близина на местото каде веќе осум дена престојува…

March 14, 2025
БАЛКАН

Сараево денеска има најзагаден воздух во светот, прогласена тревога

Владата на кантонот Сараево прогласи денес состојба на тревога поради исклучително загадениот воздух, бидејќи според податоците на Светскиот индекс на…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?