Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Големиот број откриени коруптивни случаи покажува дека МВР има поинаков суштински пристап во борбата против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Големиот број откриени коруптивни случаи покажува дека МВР има поинаков суштински пристап во борбата против корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Големиот број откриени коруптивни случаи покажува дека МВР има поинаков суштински пристап во борбата против корупцијата

Објавено September 23, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Големиот број инфлагрантни коруптивни случаи што МВР ги откри во изминатата година покажуваат дека МВР има поинаков суштински пристап во бробата против корупцијата, но секако дека уште многу треба да се работи на оваа тема за да имаме значително намалување на корупцијата во Македонија. Сметам дека сме на прав пат, но не чека многу работа, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Прашан како МВР се справува со корупцијата, Тошковски вели дека се работи многу на тоа поле и дека огромен број на случаи и процесни дејствија се преземени од Одделот за внатрешна контрола во изминатата година.

Гледаме резултат од тоа, во насока на процесуирање на сите оние постапки во рамки на МВР, соодветно санкционирање на оние коишто нечесно, непрофесионално, недостоинствено и коруптивно се однесуваат во рамки на внатрашените редови на МВР и покажуваме дека навистина имаме јасна визија во тоа, дека во иднина местото на професионалците, на чесните и оние кои си ја сакаат Македонија е во рамки на МВР, останатите не треба да се дел од безбедносните структури, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

Во однос на фемицидот во Велес и дали се прави контрола за тоа како постапувала полицијата, Тошковски вели дека внатрешна контрола постапува и штом ќе биде завршена работата јавноста ќе биде информирана.

Во однос на реакциите на ДУИ за полициските униформи на македонски јазик и дали ќе има двојазични, Тошковски, вели дека тој закон е донесен од 2018 година и ДУИ имале можност во минатото да покажат негова имплементација.

Во она коешто се преземаат како чекори од наша страна, во целост постапуваме согласно закон и согласно важечките правилници. Повторно ќе кажам дека овој правилник е донесен во времето кога власт во Македонија беа ДУИ и СДСМ, изјави Тошковски.

Прашан за реакциите по интонирањето на албанска наместо македонска химна пред фудбалски натпревар во Желино, Тошковски вели дека законот во Македонија е јасен и треба да се применува, и секој којшто не го применува ќе сноси соодветни санкции во рамки на законот.

Како за сите претходно, така и за овој настан, доколку се утврди во рамки на доказна и процесна постапка дека имаме прекшрување на законот. Еднаш засекогаш во Македонија треба да сфатиме дека тоа што сме се договориле да го имплементираме, а е ставено во закон, мораме да го почитуваме, изјави Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филтри на оџаците како мерка против загадувањето – Мицкоски очекува невладини да се борат за воздух по седум години молк
Следна Статија Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МНР: Интензивно се работи на обезбедување услови за безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја

Министерството за надворешни работи информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е…

August 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името, колку зеле Заев и Филипче?

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?