Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

Објавено September 23, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и фаваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје.

Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што говори дека оваа индустрија се развива и уште има простор за раст. Во таа насока преземаме многу мерки, начин на распределба на ЦЕМТ дозволи до начин на пристап до Министерството.

Ги претстави плановите за развој, како што рече, на силна патна и железничка мрежа.

Идејата е Македонија да го искористи потенцијалот како природна крстосница на двата паневропски коридора, 8 и 10 и во таа насока да развиеме силна патна и желеничка мрежа која ќе ги осплужува овие коридори, рече Николоски.

Најави дека поголемиот дел од автопатот на Коридорот 10 следната година ќе биде реконструиран, исто како и обиколницата на Скопје. – Продолжуваме и со изградба на Коридорот 10 д, кој оди од Градско преку Дреново Фариш Прилеп до Битола и вториот граничен премин со Грција до Меџитлија, рече Николоски, најавувајќи дека за овие теми ќе разговара утре на средба со неговиот грчки колега.

Николоски посочи и дека активно се гради автопатот од Прилеп до Битола, веќе е пуштен експресниот пат Градско Дреново Фариш, а многу скоро ќе се донесе одлука за изградба на делот од Фариш до Прилеп, што ќе значи целосно автопатско решение или експресен пат којшто ќе оди на Коридорот 10д.

На Коридор 8 пуштен е патот од Страцин до Крива Паланка, се работи на обиколницата, како и на проширување на ГП „Деве Баир“. На западната страна се работи на автопатот Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани, додека повикот за Букојчани-Кичево завршува на 30 септември. Додека автопатот Кичево-Охрид полека се става во функција и пуштени се 34 километри, посои министерот за транспорт Николоски.

Во делот на логистиката најави дека следната година ќе почнат активности за изградба на инфаструктура за мултимодуларен јазол што треба да се наоѓа кај постојниот кај Трубарево и во продолжение на пресекот кај двата коридора. За поголема безбедност најави дека ќе се воведе интелигентен транспортен систем, а укажа и дека се во интензивен дијалог со ЕУ за решавање на проблемот со електронската евиденција за што очекува добри вести.

Со царината се спроведуваат проекти за нов едношалтрски систем со воведување еден електронски документ за превозниците на граничните премини, за што е при крај тендерот за софтверот. Се работи и на законска регулатива за пратките од големите логистички компании како Амазон, Тему, Али Баба. која исто така ќе го регулира овој пазар и ќе насочи серизни средства кон сите вас, соопшти Николоски.

Како што беше посочено на денешната средба на превозниците, се преземаат сериозни чекори за обезбедување подобри услови за работа.

За следната година нарачани се 1750 годишни ЕКМТ дозволи за меѓународе превоз на стоки за возила со Eуро 6 стандард, 2016 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 6 стандард, 720 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 5 стандард, 60040 поединечни дозволи, како и 5000 дозволи преку Б – СЕК.

На традиционалната средба на превозниците се одржа и мини саем на кој ќе се претставија членки и соработници на Макам-транс со услуги и производи за вршење на дејноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината
Следна Статија Пандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дина Пауер Макормик се приклучува на Мета како Претседател и Потпретседател

Дина ќе биде член на раководниот тим на Мета, помагајќи во водењето на севкупната стратегија и извршување.

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека ги продолжи роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а…

November 24, 2025

Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата

Warner Bros ги одбива понудите за преземање и им дава јасни совети на своите акционери

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?