Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Англиска експертиза ќе добива македонската железница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Англиска експертиза ќе добива македонската железница
ЕКОНОМИЈА

Англиска експертиза ќе добива македонската железница

Објавено September 23, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед.

Како што стои во соопштението на Владата, со Договорот за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и на товарниот железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк.

– Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни пет години. Овој Договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти, стои во соопштението.

На денешната седница, додаваат, Владата ја разгледала информацијата за потребата од субвенционирање на филтри на оџаци на домаќинствата и ја задолжила Канцеларијата на претседателот на Владата во следниот период да подготви детална анализа која ќе ги предвиди условите, времетраењето и процедурата за објавување на оглас за субвенции на филтри за оџаци на домаќинствата кои користат греење со фосилни горива односно дрва.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за барањето за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите
Следна Статија Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Денеска се пушта пругата од Куманово до Бељаковце

Премиерот Мицкоски на Фејсбук објави видео од првата фаза од железницата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.Свеченото отворање ќе биде денеска. Пругата Куманово…

January 17, 2025

САД ќе вложат 1,6 милијарди долари во рударска компанија за ретки земји

Рударската компанија има ангажирано Кантор Фицџералд, чиј претседавач е Брандон Лутник, син на секретарот за трговија Хауард Лутник, за да…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?