Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Објавено September 24, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце.

Информацијата Меџити синоќа ја сподели и со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина.

„Долго време ги следам нивните загрижености и внимателно ги разгледавме сите извештаи и анализи на надлежните институции. Тие јасно покажаа дека активноста со каменоломот ќе донесе сериозни последици, како што се ризикот од поплави и сериозни штети по здравјето и егзистенцијата на жителите. Поради оваа причина, мојата одлука е цврста: каменоломот нема да се отвори“,пишува Меџити во објава на својата фејсбук-страница.

Оваа одлука, како што изјави Меџити, е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот врз животната средина и нивните животи.

Според Меџити, дозволата за работа била издадена пред неколку години од претходните влади.

Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што е предвидено да се разгледа на наредната седница на Владата.

„Оваа одлука официјално ќе го затвори оваа прашање и ќе ја врати правдата на страната на жителите“,вели Меџити и додава дека ќе има и повторно пошумување на овој регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот
Следна Статија Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбени згради, при вонредна…

April 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Раст кај потрошувачки и станбени, пад кај автомобилските кредити

Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент.…

November 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска преку соопштение реагира во врска со условите предвидени во јавниот повик на Владата…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?