Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинска управа: Запленета дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царинска управа: Запленета дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
ХРОНИКА

Царинска управа: Запленета дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста

Објавено September 25, 2025 17:07
Сподели
Сподели

40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка.

Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата открија и спречија повеќе прекршочни дела:

  • 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Гостивар, извршена на Меѓуградската автобуска станица Скопје. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот – фиоката над возачот, позади возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите.

  • Пет грама опојна дрога марихуана е откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со кој француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце.

  • При претрес на возач на автобус на граничниот премин Табановце, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети.

  • Во друг случај на граничниот премин Табановце, мобилен тим при контрола на камион со скенер, откри разна стока која не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот.

  • При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин Блаце се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи Arabesca Genitals и Arabesca Slim Mix, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка која требало да ја достави на лице во Скопје.

 

  • Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки, се пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка кој допатувала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Рим.

  • При контрола на стока со потекло од Турција наменета за  фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во други случаи царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, открија прекршочни дела при што запленети се употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалоци, 117 парчиња облека, како и разна друга стока.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Од цистерната се излеале 25 тони нафта, возачот на возилото нема тешки телесни повреди
Следна Статија Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетовец загина во тешка несреќа кај Скудриње, сопругата му е тешко повредена

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на…

November 28, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?