Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење

Објавено September 26, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека не поседува сознанија за тоа дека земјоделските производи од Трубарево се несоодветни за консумирање.

Денес, одговарајќи на прашања од новинарите, тој потенцираше дека во согласност со официјалните резултати од извршените анализи, не е утврдена радиоактивност во водата, ниту пак присуство на опасни тешки метали во земјата по пожарот во ова населено место во Скопје.

Во врска со скринингот, тој повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат со дополнителни лекарски прегледи. Ова, како што нагласи тој, не е конечна фаза, бидејќи согласно протоколите, ќе бидат потребни уште две скрининг тестирања, по три и по шест месеци.

Според Алиу, испратено е известување до институциите, со цел доколку некој од пожарникарите или вработените во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кои беа вклучени во гаснењето на пожарот, почувствуваат било какви симптоми, да се обратат во медицинските установи.

„Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија“.

Во однос на зеленчукот и овошјето од Трубарево, извршените мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. „Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници“.

„Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчкуот и овошјето не треба да се консумираат“, заклучи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шилегов откако се дистанцираше од СДСМ, „млати“ пари како адвокат
Следна Статија Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Неочекувани симптоми на менопауза за кои ретко се зборува

Менопаузата, природна фаза во животот на жената која обично се јавува на возраст од 45 до 55 години, често се…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лошите навики за спиење се поврзани со дури 172 болести

Доволно квалитетен сон секоја вечер е важен за добро здравје, а лошите навики на спиење се поврзани со дури 172…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Системот „Мој термин“ повторно е во функција

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше. Системот е во функција од…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?