Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави

Објавено September 27, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА информира дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и оти таа ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.

-Граѓаните тоа треба да го замислат како еден паричник со лични документи. Наместо да носите возачка дозвола и лична карта со вас како картички, можете да ги носите во вашиот мобилен телефон, и секако сите услуги ќе бидат достапни таму. Тест верзијата ја подготвуваме. Јас ќе ја презентирам, и ќе презентираме две услуги коишто ќе ги нуди таа тест верзија. Ќе го опипаме пулсот на граѓаните, ќе ја симнат граѓаните коишто ќе бидат присутни на Самитот, да можат да ја тестираат. И мислам дека до крајот на годината веќе ќе имаме верзија која што првпат ќе ја пласираме на сите отворени мрежи, рече Андоновски.

Тој информира дека на Самитот во Скопје ќе има 800 учесници од над 20 држави и оти целта била Скопје повторно да биде ставено на мапата на дигитално развиени економии, нашата држава како дигитална развиена држава, и да покажеме што сме сработиле изминатава година и која е визијата и плановите за во иднина.

Во однос на електронските услуги на граѓаните, министерот Андоновски вели дека целта е сите услуги, најкористените услуги од граѓаните да бидат достапни на еден клик.

-И порталот uslugi.gov.mk ќе го следи овој процес иако ние веќе започнавме со еден редизајн минатата година. Секоја нова надградба на порталот ќе значи упростување на изгледот, и полесни и подостапни услуги за граѓаните и за компаниите. И ова е предвесник на севкупната дигитализација на услугите, што значи дека следната фаза ќе биде дигитализација на односот на бизнис секторот кон државата, истакнува тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал
Следна Статија Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците

Предметот за бонусите е вратен во Обвинителството за организиран кримининал, потврди за „Република“ Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јове…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Снежно утро во Скопје (ФОТО)

Скопјани беа пријатно изненадени кога се разбудија утрово и видоа дека паѓа снег. Снегот се уште паѓа иако е мала…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?