Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски кој трагично загина во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФОТО: Откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски кој трагично загина во „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски кој трагично загина во „Пулс“

Објавено September 27, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На настанот присуствуваа неговото семејство, колегите, претставници на институциите, синдикатите и бројни граѓани, кои со достоинство и почит се поклонија пред делото на Тоше, кој загина спасувајќи млади човечки животи.

МВР

-Шест месеци по оваа голема трагедија, болката и тагата се уште се силни, но вечен ќе биде и споменот за неговата храброст и саможртва. Тоше останува симбол на посветеноста и пожртвуваноста на македонскиот полициски службеник – човек кој својот живот го стави во служба на заштитата на другите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

МВР

Министерот додаде дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да стои покрај семејствата на загинатите, да ја чува нивната жртва од заборав и да се бори за правда, во името на сочувството, достоинството и почитта кон оние кои најмногу изгубија.

Вечна слава и благодарност за Тоше. Хероите живеат вечно, Тоше ќе живее вечно,“ порача министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата
Следна Статија Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Албанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција и еден од сопствениците на „Санте плус”

Властите во Албанија со меѓународна потерница го бараат Билал Кара, еден од сопствениците на групацијата ,,Санте плус” која има своја…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски- Калас: Потреба ЕУ да го забрза процесот- Македонија заслужува да оди напред во интеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. -Во Брисел имав средба со еврокомесарката…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци

Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски

Во еден од последните „воени покличи“ од Славјанка Петровска, пратеник и ексминистер од СДСМ за одбрана, против именувањето на Бојан…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?