Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
ХРОНИКА

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

Објавено September 27, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок за како што велат случајот да биде забошотен во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење.

Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост:

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во иднина со неселективно спроведување на законите и секој што го прекршува законот ќе одговара. Законот и правилата важат еднакво за сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПИШИ- БРИШИ ПОЛИТИЧАР: Жерновски обвини дека Сиљановска се фотографирала со „восочни фигури на Трамп и Меланија“, па се премисли
Следна Статија Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка нападнала полицаец и му се заканувала пред полициска станица

Педесет и двегодишна скопјанка нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил синоќа…

January 11, 2026
ХРОНИКА

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Братот на изчезнатата Лидија раскажа сè, ова е вистината за „кумот“

Времето поминува, а случајот паѓа во заборав. Нема ниту трага, ниту глас од 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска која од осми…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?