Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра, лошите политики на власта ја кочат економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра, лошите политики на власта ја кочат економијата
ПОЛИТИКА

Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра, лошите политики на власта ја кочат економијата

Објавено September 30, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта.

-Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со Германија, и стагнација на индустриското производство,“ изјави Филипче.

Во однос на унгарскиот кредит, тој беше дециден:

„Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра. Од најавени 350 милиони евра за општините, реализирани се помалку од 10 проценти. Па каде се парите? Нашите информации се дека тие се веќе потрошени, а компаниите кои аплицираат сведочат дека средства нема,“ нагласи Филипче.

Тој потсети дека Владата дури ги сменила процедурите за Македонската банка за развој, која за прв пат зема пари директно од буџетот наместо од меѓународни финансиски институции.

„Зошто граѓаните да враќаат милијарди евра кредити за нешто што не носи капитален развој? Капитален објект е оној што носи додадена вредност и раст. Бехатон плочки во Штип тоа нема да го направат ова се погубни економски политики на власта,  политики кои ја задолжуваат државата, ја кочат економијата и ја загрозуваат иднината на граѓаните” потенцираше председателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда ФОТО
Следна Статија На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Универзитетската професорка Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за време на изборниот молк. Во документот, кој бил…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

На вечерашната емисија „24 Анализа“, на телевизија 24, гостуваше и пратеничката Драгана Бојковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и се осврна…

December 18, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?