Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат
ПОЛИТИКА

Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

Објавено October 1, 2025 08:52
Сподели
Сподели

„Денес не сум пред вас само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас. Заедно покажавме дека општината може да се води со работа, чесност и визија. Ниту еден проект, ниту една промена не се случи сама од себе – сè што направивме е резултат на тимска работа, упорност и љубов кон нашата општина“, истакна на трибината на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов.

Во своето обраќање пред присутните, Анастасов се осврна на сработеното во изминатиот период.

„Од изградени и реконструирани улици, подобрени училишта и градинки, до нови паркови и чиста средина. Но најголемиот успех не е во бројките и во објектите, туку во чувството дека живееме во подобра, поорганизирана и поубава општина во која никој не е заборавен.

Акцентот го ставивме директно на граѓаните, вложивме многу во социјалната програма, со низа мерки и проекти наменети да го олеснат секојдневниот живот на нашите сограѓани од социјален ризик,инвестиравме во образованието, детската заштита, инфраструктурата, спортот, младите и културата“, нагласи Анастасов.

Презентирајќи ги бројните планирани проекти за наредните четири години, Анастасов ги издвои реконструкцијата на градскиот плоштад Свети Гаврил Лесновски, фасадна и покривна реконструкција на постојни згради за колективно домување, техничка вода за сите индустриски капацитети и алтернативни системи за водоснабдување во руралните средини, детска градинка во населба Пробиштип.

„Продолжуваме да ги вракаме парите кај граѓаните, таму каде што и припаѓаат. Јас го гледам општинскиот буџетот како алатка за подобар живот на секој граѓанин“, нагласи Анастасов и најави 150 ваучери годишно по 20.000 денари за бањско лекување за нашите пензионери, велигденска субвенција од 6.000 денари за корисници на социјална помош, новогодишна субвенција од 4.000 денари за корисници на правото на помош и нега од трето лице, еднократна парична помош од 30.000 денари за лицата со попреченост и корисници на додаток за мобилност, 50% субвенција за набавка на инвалидски колички и скутери на електричен погон за лицата со попреченост.

Во фокусот на програмата на Анастасов се младите, за кои се обезбедени бројни мерки.

„Седумдневен летен одмор за сите полуматуранти од општината, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти, 6.000 денари за секое запишано прваче, 3.000 денари стипендија во прва година за секој запишпан средношколец во Пробиштип, ја зајакнуваме еднократната парична помош за новороденче за прво дете 10.000 денари, второ дете 20.000 денари, трето дете – 3 месеци по 30.000 денари и четврто дете 12 месеци по 30.000 денари. За младите ќе воведеме ослободување од комуналии за изградба или доградба на куќа за млади брачни парови до 35 години, субвенционирање на стартап и бизнис идеи од 120.000 до 200.000 денари за млади до 29 години, 50% субвенционирање на набавка на лаптоп или таблет во текот на четиригодишното образование до 15.000 денари за секој средношколец, најави Анастасов.

Најави и бројни инвестиции во патната инфрастуктурата, како и во секое населено место во општина Пробиштип.

„Реконструкција на плоштад во Злетово, парк и дополнителни содржини кај детско катче во Злетово, реконструкција на стадионот во Злетово, реконструкција на Леговец – Ратавица, паркинг во Лесново, адреналински парк во Лесново, реконструкција на патот до село Марчино, изградба на детско катче и простор за рекреација во населбата Шилек“

„Ова не се само планови на хартија. Ова е патоказ за иднината кој ќе го следиме исто како што во изминатите години следевме и реализиравме сè што ветивме, а и многу повеќе. Јас докажав дека сум градоначалник на сите граѓани, а не градоначалник на партија. Гарантирам дека секогаш ке бидам со народот, а не над народот“, порача Анастасов.

Ги повика гласачите да се обединат под слоганот „Пробиштип за сите“ и да покажат дека иднината на Пробиштип е во раце на граѓаните.

„Ве повикувам – да излеземе сите на 19 Октомври, да ја заокружиме бројката на довербата, да заокружиме 5 и да ја продолжиме нашата заедничка приказна“, повика кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип Драган Анастасов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција денеска парализирана од генерален штрајк
Следна Статија Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митевски најави гасна централа и зајакнати инспекции во општина Аеродром

Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Студио 10 на телевизија 24. Митески…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.…

March 13, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева по реакциите во јавноста за нејзиното извршување на две функции истовремено како портпарол и…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?