Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром

Објавено October 17, 2024 13:48
Сподели
Сподели

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови. Тоа ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Министерот за транспорт, на денешната Конференција во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, посочи дека тоа ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.

-Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.

Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.

-Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.

Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа
Следна Статија Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а…

December 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од…

October 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор

Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?