Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити вети два нови булевари во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити вети два нови булевари во Чаир
ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Објавено October 1, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката коалиција Вреди, Изет Меџити, денеска го претстави пред граѓаните еден од приоритетните проекти – изградба на нови булевари.

По завршувањето на булеварот Цветан Димов, во првата година од мандатот, доколку го добие, тој предвидува трансформација на улицата Мид’хат Фрашери (поранешна Македонско-Косовска бригада) во модерен булевар, со должина од 1.850 метри и профил од 25 метри, во тесно партнерство со Град Скопје.

– Оваа капитална инвестиција ќе донесе 4 модерни коловозни ленти за побрз и побезбеден сообраќај, патеки за велосипеди и пешаци, зелени површини кои ќе го подобрат квалитетот на живот и урбаната естетика – рече Меџити.

Според Меџити, овој булевар ќе биде важна артерија која ќе го поврзе Чаир со улицата Џон Кенеди, нудејќи им на студентите полесен пристап до универзитетите, како и зајакнување на врската помеѓу Центарот на Скопје, Чаир и Шуто Оризари.

Во следната фаза, проектот предвидува целосна трансформација на улицата Џон Кенеди во модерен булевар, со што ќе се изгради нов современ урбан прстен кој ќе го постави Чаир во центарот на инфраструктурниот развој на Скопје.

– Овој проект не е само асфалт и бетон. Тоа е нашата визија за еден поразвиен, побезбеден Чаир, поблиску до европските стандарди. Тоа е доказ дека кога Чаир се води со посветеност и визија, секое ветување се претвора во реалност – изјави Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голема победа на Ѓорческа против поранешната тенисерка број еден Плишкова
Следна Статија Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална,…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова најавува реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува.…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?