Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти
МАКЕДОНИЈА

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Објавено October 17, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Трите локални самоуправи кои не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје и Теарце, до 15 ноември можат да поднесат нови проекти и повторно да се обидат да добијат финансирање од централниот буџет. Премиерот Христијан Мицкоски апелираше градоначалниците да постапат како што постапиле сите останати.

Струмица не доби пари затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и има избран изведувач и кој што е во тек. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои што би можеле да ги финансираме. Понатаму Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна имејл адреса, го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, на начин на кој сето тоа се прави. Имаме некомплетна документација поднесена од Општина Сарај. Очекувам до 10, 15 ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус еден водовод. Очекувам до 10, 15 ноември и тоа да биде надминато – рече премиерот Мицкоски.

Тој не гледа политика во одбивањето на проектите поднесени од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Град Скопје се одбиени бидејќи конкурираа со проекти кои се некомплетни. Бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиена на улиците, а истовремено веќе имаат од Владата пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари, кои стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, булеварот Хасан Приштина. Веќе две години за жал ништо не е направено по таа основа. Очекувам во следниот период и таму да се подобрат инвестициските перформанси – рече денес премиерот при посетата на Радиовце, општина Брвеница.

По одбивањето на проектите, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, обраќајќи им се на струмичани, рече дека нивниот град повторно е трн во окото и дека против нив е отворен фронт кој ќе биде зачеток на нов порив за слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши
Следна Статија Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стипендии од Кина и Унгарија: МОН објави конкурси за додипломски и постдипломски студии со рок до 15 јануари 2026

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Соларните панели ќе донесат заштеди и подобри услови во училиштата

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го претстави успешното завршување на проектот „Сончеви училишта“, со кој шест основни училишта…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

За 24 часа 110 илјади сообраќајни прекршоци во Скопје, 90% се за пребрзо возење

Камерите на „Safe City“ регистрирале 110 илјади прекршоци во првите 24 часа само во Скопје. Или поинаку кажано – 77…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?