Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција
ПОЛИТИКА

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Објавено October 2, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се осврна и на актуелните политички теми. Николоски говореше за како што ги нарече црните и очајни коалиции.

„Доаѓајќи накај Кавадарци забележав дека се интензивира црната негативна кампања од нашите политички опоненти коишто се здружија со својата немоќ, се здружија свесни дека народот не ги сака и не ги почитува. Ова не се први избори на кои излегуваме, но можам да ви кажам дека вака рано, ваква црна кампања до сега не се случила, што само говори за очајот од една страна на СДСМ, која што нема никаков концепт и воопшто не се реформира и не ги учи грешките од минатото и од минатогодишниот пораз. Од друга страна ДУИ која што се уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а во суштина се длабока опозиција и ќе останат длабока опозиција после овие избори. И од трета страна Левица, која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние коишто се претставуваа себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и на Али Ахмети, оние кои што се претставуваа за скромни, плачат четири, пет дена пари колку да земеле од државата. И сега трите обединето водат црна кампања“, кажа Николоски.

Николоски ги повика граѓаните да не подлегнат на нивната црна кампања и народот да не се демотивира, затоа што како што вели „не сме сите исти“. Тој посочи дека за да ставиме точка на таа црна и очајна коалиција на СДСМ-ДУИ и Левица на 19 октомври масовно треба да се на гласање.

„На 19 октомври треба да се даде поддршката за кандидатите за градоначалници и листите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што разликата е многу голема“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски најави сериозна поддршка за РК Вардар
Следна Статија Велковски: Има злоупотреби во системот за социјална помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нетпрес: „Неподмитливите“ од Левица „лапаат“ државни пари

Еден од најгласните претставници на Левица во наводната борба против расипништвото на политичките елити, пратеникот Борислав Крмов во периодот од…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку…

April 22, 2025
ПОЛИТИКА

Следи пресвртница за партијата, најави Филипче од Конгресот на СДСМ

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?