Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
СВЕТ

Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно

Објавено October 17, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ.

Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.

„Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно“, рече тој.

Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“.

Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.

„Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена. . .

Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори“, рече Орбан.

Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“.

Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција.

Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“.

Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат
Следна Статија Украина ќе влезе во НАТО, тоа беше одлучено во Вашингтон, кажа шефот на НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај

ускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи еднострано примирје во Украина од 8 до 10 мај, што се совпаѓа со 80-годишнината…

April 28, 2025
СВЕТ

Тензично во Естонија: Се подготвуваме за војна со Русија, но не им се плашиме (ВИДЕО)

И покрај предупредувањата од Финска дека Русија би можела да ги нападне Скандинавија и Балтичките земји во блиска иднина, Естонците…

August 24, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: 12 повредени во пукање во Торонто, напаѓачот е во бегство

12 повредени во пукањето во близина на центарот на Торонто, а осомничениот е во бегство. Пукањето се случило во паб…

March 8, 2025
СВЕТ

Путин со пет услови за завршување на војната во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?