Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши

Објавено October 2, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и на ОВР Гевгелија, при што одблиску изврши увид во тековното работење.

Посебно беше истакнато дека граѓаните од скопскиот регион, во споредба со останатите делови од државата, нешто подолго чекаат за издавање на одобренија и дозволи за оружје. Но, благодарение на соработката со судската власт, од денес е овозможена и електронска проверка во прекршочната евиденција на судовите. До вработените се дадени насоки во најкраток рок, хронолошки, да ги завршат сите преостанати проверки за лицата и да ги известат граѓаните за текот на постапките.

„Како резултат на макотрпната работа во изминатиот период, само оваа година низ државата се разгледани речиси 8.000 предмети – и од заостанатите од изминатите години и од новопристигнатите електронски барања. За споредба, она што е реализирано досега во 2025 година е четири пати повеќе од годишниот просек до 2023 година. Со новиот начин на работа се искоренува корупцијата во оваа област, која за жал беше многу изразена. Во таа насока, министерот апелира до сите граѓани да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши, потенцираше министерот Тошковски.

Во претстојниот период ќе се работи на надградба на дигиталната апликација, со што граѓаните ќе можат дел од доказите електронски да ги прикачат кон барањето, а единствено ќе биде потребно лично присуство само при подигнувањето на одобрението.

Министерот оствари работна посета и на ОВР Гевгелија, каде што со раководството разговараше за безбедносната состојба во регионот, кој е јужната порта на нашата земја и низ кој секое лето минуваат илјадници туристи. Констатирано е дека безбедносната состојба е стабилна и дека во изминатиот период е забележано подобрување во речиси сите области на полициското работење.

„Цврсто верувам дека вистинската сила на полицијата лежи во партнерството, во блиската соработка со локалните структури и со самите граѓани. Само така можеме заеднички да обезбедиме мирна и безбедна средина за сите“, истакна министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија, нема лекови, нема реагенси, нема апарати
Следна Статија „Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Најавено покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%

Со новата Влада, наставниците почнуваат да се чувствуваат сигурни и помотивирани продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Тоа е особено…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?