Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември
ЕКОНОМИЈА

В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември

Објавено October 17, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со пензијата за септември, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување согласно методологијата за усогласување.

Линеарното зголемување на пензиите во септември 2024 во вкупен износ било 862 милиони денари (скоро 14 милиони евра) или 11,17 отсто во однос на вкупниот износ што за пензии бил исплатен во август 2024.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОСМ) Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 милијарди денари за тековната 2024 година.

На средба со новинарите на која информираше за состојбата на буџетот и за идните планови, новиот директор на Фондот рече дека средства за пензии ќе бидат обезбедени и дека буџетскиот дефицит во вкупниот буџет за 2025-та е 27 проценти. Придонесот за пензиското осигурување останува 18,8 отсто.

Граѓаните треба да бидат сигурни дека средства за пензии ќе бидат обезбедени. Буџетскиот дефицит е стабилизиран и ќе биде 27 проценти. Новиот менаџмент до Владата и до Министерството за социјална политика ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетот за исплата на пензиите. Очекуваме приходите по основ на плаќање на придонеси до крајот на годината да растат и дефицитот да се стабилизира – рече Мемов.

Нагласи дека буџетскиот дефицит не е создаден поради лошо менаџирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување туку е резултат, рече, на економските политики на претходните влади во изминатите дваесетина години.

Главна цел на Владата, додаде директорот на ПИОСМ, е обезбедување подобар животен стандард на пензионерите, а линеарното зголемување на пензиите е со цел, рече, да се намалат социјалните разлики помеѓу корисниците на минимална пензија и оние што се со високи пензии.

За тоа дали ќе се подигне возрасната граница за пензионирање, која сега е 62 години за жени и 64 за мажи, Мемов одговори дека треба да одлучи Владата.

Од почетокот на годинава до средината на овој месец биле решени 19 700 предмети за пензионирање, од кои најголем број се за старосни, а потоа и за семејни и за инвалидски пензии. До 15 октомври имало околу 3000 нерешени предмети по барањата за остварување право за пензија во 2024, што се должи на дефицит на вработени во подрачните единици на ПИОСМ.

Како што информираше Мемов, им недостигаат речиси 50 отсто вработени согласно систематизацијата. Најголема пополнетост со вработени (од над 90 отсто) има во подрачните единици во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево, додека во филијалите во другите градови работните места се пополнети под потребниот минимум за да може да функционираат. Затоа се прави план за оптимизација на бројот на вработени согласно предметите што ги имаат, а до Министерството за финансии Фондот поднел барање за согласност за враќање на работа на ангажираните со договор на дело. За да се реши дисбалансот, предметите ќе бидат трансферирани од една во друга филијала.

Во државава има помеѓу 340 000 и 350 000 пензионери, а планираната стапка на раст на нови корисници на пензија годишно се движи од 0,9 до 1 отсто.

Во однос на т.н. фантомски пензии во Косово, за што се шпекулира во јавноста, директорот посочи дека не може да се потврди дека такви постојат и дека се ќе биде појасно кога ќе профункционира планираниот централен регистар на социјални осигуреници по примерот на регистарот за фирми.

Не можеме да кажеме дека постојат фантомски пензии, тоа во овој момент не може да се потврди. Странски пензии во Косово што ги исплаќа Фондот има само за 1200 корисници, одговори Мемов на новинарско прашање.

Најави модернизирање на услугите и деловните процеси во Фондот и рече дека клучен приоритет е инвестирање во ИТ-системот, па во новиот буџет Мемов бара средства за нови софтверски решенија за пензискиот систем.

Ќе направиме ново софтверско решение и ИТ-системот ќе биде комплетно на „клауд“, како што е сега ФЗОМ. Фондот ќе се отвори кон граѓаните преку оваа дигитализација што ќе ја направиме, за секој граѓанин да може да види на апликација колку има стаж, придонеси итн, соопшти директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 10 денари повисоки цените на цигарите
Следна Статија Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за…

February 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на совојата Фејсбук страница објави дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ

Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?