Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината

Објавено October 17, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази очекување за зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината.

Имаме една добра инвестиција која што е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме. Ова е инвестиција на компанијата „Бреинчајлд“, вредноста е некаде околу 8,5 милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од три илјади метри квадратни, така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината – рече Мицкоски.

Во однос на втората транша од заемот од Унгарија, тој вели дека уште во кампањата кажал дека ќе донесат една милијарда евра.

Овие 500 милиони веќе стигнаа на сметката или во текот на утрешниот ден ќе стигнат на сметката на Народната банка и тие 250 милиони ќе бидат насочени кон бизнисот, останатите кон реализирање на капитални инвестиции. Останатите 500 милиони евра рековме дека ќе ги земеме доколку не успееме да најдеме подобри услови, односно средства со коишто ќе ја вратиме еврообврзницата која што е земена од претходната влада во 2018 година, а која што истекува на 25 јануари 2025 година. И за да го стигнеме рокот почнуваме со преговори. Доколку успееме во меѓувреме со пониска каматна стапка, подобри услови нормално дека тие ќе ги земеме нема да одиме со овие 500 милиони евра (вторите). Но, ние најавивме една милијарда и таа милијарда ја носиме. Јас тоа што сум го кажал тоа и го испорачувам. Јас не се занимавам со политика на импровизации – кажа Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на тетовско Брвеница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември
Следна Статија Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија

Царините од 33 отсто што ни ги воведе САД се очекувани. Тоа беше јасно веднаш после инаугурацијата на претседателот Доналд…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерцедес го сели производството на електрични возила од Германија во Полска

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц планира да премести дел од своето производство на возила од Берлин во Полска како одговор…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дански фонд планира 1.000 станови во Скопје, а веќе купил 250

Данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал груп“ значително го зголемува своето присуство на македонскиот пазар на недвижности. Фондот веќе поседува 250 станови…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?