Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026
СПОРТ

Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026

Објавено October 3, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада.

Топката, наречена Трионда, повторно е дизајнирана од германскиот производител на спортска опрема Адидас, кој е официјален партнер на ФИФА од Светското првенство во 1970 година.

„Воодушевен сум и горд што ја претставувам Трионда“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на промоцијата одржана синоќа во Њујорк.

Првото Светско фудбалско првенство во историјата на кое домаќини ќе бидат три земји со учество на 48 репрезентации, беше инспирација и за името и за дизајнот на топката, која има црвена, сина и зелена боја.

Симболите на секоја земја домаќин – јаворовиот лист на Канада, мексиканскиот орел и ѕвездите на САД – исто така се прикажани на топката, со триаголник што го претставува единството на трите земји.

Во топката е вграден чип со сензор што ќе пренесува информации за движењето на топката, испраќајќи податоци до ВАР системот.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

Жрепката за составот на групите ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тие имаат посебна моќ врз луѓето: најголемите манипулатори во хороскопот
Следна Статија Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ферстапен победи во Јапонија

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија. На култната патека во Сузука, актуелниот светски првак победи пред…

April 6, 2025
СПОРТ

Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во…

May 11, 2025
СПОРТ

ОФИЦИЈАЛНО: Масар Омерагиќ нов претседател на ФФМ

На денешното вонредно изборно собрание, Масар Омерагиќ беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Како единствен кандидат,…

December 22, 2024
СПОРТ

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?