Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Објавено October 3, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на иницијатива за проширување на слободниот роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

„Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите држави, не само како можност за дискусија, туку и како заеднички напор за реални резултати. Поттикнати од Регионалниот совет за соработка, донесовме заедничка декларација што ќе упати повик до ЕУ и до сите наши соседи за воведување на иницијативата ‘роаминг како дома’ – со што би се намалиле трошоците за интернет, телефонски повици и СМС пораки меѓу Западен Балкан и цела Европа,“ истакна министерот Андоновски.

Тој додаде дека веќе постоечкиот регионален договор за роаминг меѓу земјите од Балканот се покажал како успешен модел, и дека следниот чекор е проширување на истиот во рамки на целата територија на ЕУ. Тоа значи дека граѓаните не треба да плаќаат дополнителни трошоци за повици, пораки и интернет кога патуваат во земјите членки на овие зони. Наместо тоа да биде поволност само за државите од Западниот Балкан меѓусебно, Владата работи на воведување на оваа пракса и со сите држави од ЕУ.

Андоновски потенцираше дека нашата земја веќе ги има завршено најголемиот дел од обврските за исполнување на критериумите поставени од Европската комисија. „Очекуваме до крајот на годината да ги исполниме сите услови за приклучување кон заедничката европска роаминг зона,“ порача министерот.

Во своето обраќање, министерот ги нагласи и клучните теми на самитот – дигитализација, интероперабилност, сајбер безбедност, улогата на вештачката интелигенција, како и дигиталниот паричник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
Следна Статија Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вистинска драма при полицискиот претрес: Пратеникот Јахоски во обид да ја саботира акцијата?!

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати,…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Шведска на врвот, Македонија на 78 место

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слобода на патување, квалитет на живот…

July 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?