Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје
ПОЛИТИКА

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Објавено October 4, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата.

Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива.

„Ако сакаме да го намалиме загадувањето на воздухот, мораме конкретно да им помогнеме на домаќинствата. Затоа, Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот,“ додаде таа.

Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува:
• Директна финансиска поддршка за приклучување на постојната мрежа за централно греење;
• Помош и поддршка за најранливите категории граѓани, за тие да добијат еколошко и безбедно решение за затоплување.

Сакаме процесот да биде едноставен, транспарентен и брз — без бирократски пречки. Секое домаќинство треба да има јасна постапка и поддршка од градот,“ нагласи Шукова.

Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците, како и 5000 бесплатни филтри секоја година за домаќинствата кои се загреваат на цврсти горива, со цел намалување на ПМ честичките во воздухот.

„Загадувањето во Скопје не смее да биде зимска судбина. Таму каде што има централно греење, ќе воведеме забрана за користење дрва и јаглен, затоа што тоа е директна инвестиција во здравјето на сите скопјани,“ изјави таа.

Шукова додаде дека оваа политика е пред сè здравствена и еколошка, а не само енергетска мерка:
„Чистиот воздух не е луксуз, тоа е основно право на секој граѓанин. Со модернизација на топлификацискиот систем и заедничка акција на сите општини, ќе обезбедиме Скопје конечно да дише чист воздух.“

Посетата на општина Кисела Вода е дел од низата теренски активности на кандидатката Шукова, каде таа непосредно се среќава со граѓаните и ги претставува конкретните решенија од својата програма за почисто, зелено и здраво Скопје

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
Следна Статија Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски бара дијалог со сите општествени фактори: Не мислам на лидерска средба туку на мислења од академиците, професорите, младите

Системот е трул и нефункционален, оптоварен е со многу отстапки, неразумни компромиси, со силувања и разочарувања, поради што не е…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им…

June 19, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?