Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

Објавено October 4, 2025 16:51
Сподели
Сподели

На локалните избори пораките обично се однесуваат на проблеми кои се насочени кон потребите на локалното население, кон општината, селото кон градот. Често зборуваме за нова улица, за ново патче, за булевар, парк, градинка училиште, сала… Тоа треба да биде пораката.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од партискиот митинг во Брневница.

-Секои избори се и можност да испратиме одредена политичка порака. Мојата порака до вас и до сите граѓани во Република  Македонија е дека овие избори се избори на кои имаме две опции. Едната опција е една коалиција која што е формирана на непринципиелна основа, коалиција која се обедини затоа што е гладна и жедна за власт – едните за прв пат, а другите да го повторат тоа што го правеа седум години. Втората причина зошто тие се обединија е неподносливиот, пандемиски гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата која ја сочинуваат СДСМ , ДУИ и Левица, рече Мицкоски.

Тој истакна дека втората опција е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие коалиции ќе имаат сосема различни концепти од кои граѓаните ќе треба да изберат. Првата е коалиција која нè враќа назад. Сетете се на оние 7 години кога се ограбуваше, кога се живееше на грбот на македонскиот граѓанин, кога се понижуваше и распродаваше македонскиот идентитет, кога се засрамуваа граѓаните. Тогаш таа неформална коалиција ја предводеше владата, истакна Мицкоски.

Македонските граѓани, рече Мицкоски, ќе ја изберат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која е опција на раст, развој, инвестиции, план и визија за Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации
Следна Статија 47-годишен српски државјанин починал во Катланово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност,…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на…

July 5, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ 6 : 1 во Петровец, Борче Митевски петти мандат

Кандидатот за градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, прогласи победа во првиот круг. Митевски вечерва го освои својот петти мандат.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?