Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени
БАЛКАН

Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени

Објавено October 5, 2025 10:33
Сподели
Screenshot
Сподели

Албанските обвинителни власти објавија дека во Тирана е разбиена најголемата мрежа за проституција во земјата. Во акцијата се приведени 48 жени од различни националности, кои биле жртви на трговија со луѓе и присилна проституција.

Главен организатор на групата, според обвинителството, бил Лукас Бетанкур (25) од Колумбија, кој веќе е уапсен во својата матична земја. Тој регрутирал девојки од држави во Латинска Америка, организирал нивно патување кон Албанија и сместување во Тирана, каде што биле принудувани на проституција. Според истрагата, девојките биле држани насилно, а нивните семејства биле заплашувани доколку се обидат да избегаат.

Албанскиот државјанин Дритан Сукај ја водел мрежата во Тирана, додека Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле одговорни за контролата на неколку девојки од Казахстан. Денис Бериша, друг член на групата, ги дрогирал жртвите и им обезбедувал клиенти.

Дел од заработката од криминалните активности била инвестирана во криптовалути на сметки на Бетанкур. Активноста се одвивала во хотел сопственост на Илир Гугаши, на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана.

Албанските власти ја оценуваат акцијата како најголема досега во борбата против трговијата со луѓе и проституцијата. Минатата година во земјата беа уапсени и неколку кинески државјани под слични обвиненија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Следна Статија Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра

Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу…

May 30, 2025
БАЛКАН

Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да започне изградбата на дополнителни 2.000 станови…

December 3, 2024
БАЛКАН

Ден на национална жалост утре во Албанија поради смртта на Фатос Нано

Албанската влада го прогласи 2 ноември за ден на национална жалост во чест на поранешниот премиер и основач на Социјалистичката…

November 1, 2025
БАЛКАН

 Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци

Податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во месец мај, Албанија ја посетиле 987 илјади туристи, што е…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?