Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае
МАКЕДОНИЈА

Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае

Објавено October 6, 2025 08:10
Сподели
Сподели

Скопјани утрово имаат вода, но се уште со намален притисок, откако вчера, заради пукната цевка во населбата Влае, голем дел од градот остана без водоснабдување.

Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа.  Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели за МИА жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка. Поради тоа, безмалку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше недостиг на вода или помал притисок.

Екслозијата се случила на крајот од улицата Франце Прешерн во Влае, во делот од улицата што оди покрај самиот Вардар. Распуканиот и пропаднат афсалт сведочи за силината на експлозијата, а од сликата на лице место станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресле, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес. Од Водовод и Канализација информираа дека на прекинот му претходеле повеќе краткотрајни прекини на снабдувањето со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, кои предизвикаа варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

-Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се два дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот, велат од Водовод.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел
Следна Статија (Видео) Дебакл на Барселона во Севилја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протестот е демократско право, вели Меџити за најавениот собир во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е еден од лидерите во владејачката коалиција ВЛЕН, изјави…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани

Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата.…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали

Превртени и искршени кулупи и канти за отпад - ваква е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?