Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Дебакл на Барселона во Севилја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Дебакл на Барселона во Севилја
СПОРТ

(Видео) Дебакл на Барселона во Севилја

Објавено October 6, 2025 08:14
Сподели
Сподели

Во шпанската Примера повеќе нема непоразени тимови.

Севилја ја декласира фаворизираната Барселона на „Рамон Санчез Пихуан“ и им го нанесе првиот пораз оваа сезона со убедлив резултат од 4:1. Севилја ја забележа првата победа на домашен терен оваа сезна и воедно ја победи Барселона прв пат по 2015 година.

Играчите на Севилја носени од публиката „летаа“ по теренот, иницијативата ја крунисаа со гол од пенал. Во 13-та минута погоди ветеранот Алексис Санчез. Дека на Барселона не и се пишува добро на „Рамон Санчез Писхуан“ навести Ромеро со голот за 2:0 во 36-та минута.

Барселона сепак успеа да се врати во мечот во седмата минута од судиското надополнување со голот на Рашфорд.

Во вториот дел Барселона ја контрлираше топката, но до 76-та минута играчите на Ханси Флик не направија ништо пред голот на одличниот Влаходимос.

Аднан Јанузај 40 секунди беше на теренот, немаше контакт со топката, но успеа да направи пенал врз Балде. Левандовски шутираше лошо, топката ја спрати крај голот. Пет минути подоцна ново влезениот Нардагчи имаше „еден на еден“ со Влаходимоз, лошо шутираше, буквално му ја додаде топката на голманот.

Севилја ја нокаутира Барселона во судиското надополнување, од две контри. Првата ја реализира Кармона во 91-та, а втората Актор во 96.минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае
Следна Статија Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија подготвена за победа: Фудбалерите го пречекуваат Казахстан

На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан. Овој натпревар…

October 13, 2025
СПОРТ

Работнички со катастрофален настап во дербито – без шут на гол и подарени голови за Вардар

Работнички денес одигра еден од најслабите натпревари во својата понова историја, завршувајќи го скопското дерби без ниту еден шут на…

March 5, 2025
СПОРТ

Србија ја победи Португалија – Петрушев исклучен, Богдановиќ се повреди

Најголемиот фаворит за златниот медал на Евроското првенство во кошарка, Србија, потешко од очекувањата ја победи Португалија во второто коло…

August 30, 2025
СПОРТ

Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?