Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат
ХРОНИКА

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат

Објавено October 6, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа што незаконски зимал надоместок за прекувремени работни часови како и една бонус плата со што го оштетил буџетот на МВР за над 100.000 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување.

Тој за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, најави градоначалникот Стојкоски
Следна Статија Инцидент на натпревар во Сингелиќ: Фудбалер на Фортуна го „нокаутирал“ голманот на Пчиња, па со уште неколку соиграчи продолжиле да го удираат додека лежел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи регистрирала осум пријавени настани со семејно насилство, а полициски службеници лишиле…

March 9, 2026
ХРОНИКА

Маж изгоре во пожар во неговата куќа во Велес

Eден маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес.…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Паѓа случајот „Организатори 27 април“- направени битни пропусти, 6 години водена хајка

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?