Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инцидент на натпревар во Сингелиќ: Фудбалер на Фортуна го „нокаутирал“ голманот на Пчиња, па со уште неколку соиграчи продолжиле да го удираат додека лежел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Инцидент на натпревар во Сингелиќ: Фудбалер на Фортуна го „нокаутирал“ голманот на Пчиња, па со уште неколку соиграчи продолжиле да го удираат додека лежел
СПОРТ

Инцидент на натпревар во Сингелиќ: Фудбалер на Фортуна го „нокаутирал“ голманот на Пчиња, па со уште неколку соиграчи продолжиле да го удираат додека лежел

Објавено October 6, 2025 14:30
Сподели
Сподели

На натпревар од Третата фудбалска лига меѓу екипите на Фортуна и Пчиња, кој се одигра изминатиот викенд во Синѓелиќ, се случи тежок инцидент што заврши со физички напади и прекин на мечот.

Натпреварот бил прекинат во 75. минута, при резултат 1-1, откако играчите на Пчиња одбиле да продолжат со игра по бруталниот напад врз нивниот голман, кој останал без свест и бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Куманово.

Според информациите објавени од ФК Пчиња, првично дошло до физички напад врз гостинската публика, составена од родители и роднини на фудбалерите на Пчиња. Потоа ситуацијата излегла целосно од контрола кога навивачи на Фортуна ја пробиле заштитната ограда и влегле на теренот. Во хаосот што настанал, играч од клупата за резерви на Фортуна физички го нападнал голманот на Пчиња, Никола Стојановски, кој паднал во несвест, а додека лежел на терен, бил дополнително нападнат од неколку домашни фудбалери.

По инцидентот, гостинската екипа под полициска придружба го напуштила теренот. Голманот Стојановски бил пренесен во болница, каде му е укажана лекарска помош.

Тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски, по натпреварот изјави дека целиот меч бил одигран под силен притисок и тензии.

„Нашата екипа поведе рано, потоа Фортуна израмни и на полувремето беше 1-1. Сè беше во ред до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика – роднини и пријатели на играчите. Подоцна, кога ситуацијата се смири, играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна од клупата го нападна нашиот голман, кој остана без свест. Додека лежеше на земја, неколку фудбалери го удираа. Во такви услови немаше можност натпреварот да продолжи,“ изјави Вукановски, додавајќи дека целиот инцидент е снимен и ќе биде доставен до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Тој изрази надеж дека ФФМ ќе изрече најстроги санкции за инволвираните фудбалери и клубот Фортуна, нагласувајќи дека ваквото насилство претставува срам и закана за безбедноста на спортските натпревари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плат
Следна Статија Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФФМ поведе постапка против Сејдини за финансиска измама

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот…

December 30, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ го пропушта „Мастерс“ турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс 1000 турнирот на земјена подлога во Рим во мај. Ова исто така фрла…

April 29, 2025
СПОРТ

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада, откако беше потврден неговиот настап на…

February 21, 2026
СПОРТ

Модриќ и Анчелоти последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)

Денеска за Лука Модриќ и Карло Анчелоти мечот од последното 38. коло во Ла ЛИга против Реал Сосиедад, е последен…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?