Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

Објавено October 7, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе), изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.

-Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади, истакна Андоновски.

Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Со посветена работа на работната група, наша определба е целосна реализација на проектот до јануари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)
Следна Статија Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во сообраќај во текот на летото, бидејќи проверките покажале сериозни оштетувања и ризик…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Чучер Сандево изгаснат – хеликоптер од утрово гаси во Дојран, ер-трактор ќе дејствува во Македонски Брод

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше за најновата состојба со пожарите. Тој рече дека пожарот во…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?