Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра
МАКЕДОНИЈА

Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Објавено October 9, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка. Компанијата I.C.I.C. Kft. екс премиерот ја регистрираше летото во 2021 година, на 14 јули, во селото Пецел, на 20-тина километри од Будимпешта. Седиштето е во напуштена куќа на улицата Бошкаи број 9, а тој е наведен како единствен сопственик и извршен директор.

Фирмата на Груевски е активна веќе четири години, и иако врти милиони, но само како унгарски форинти, сепак неговата заработувачка пресметана во евра се брои во неколку илјади. Но, важно е дека добивката, иако не тече, сепак „капнува“ секоја година, бидејќи досега не пријавил загуби.

Според поднесениот годишен извештај за минатата година, 2024, тој остварил продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од годината претходно, кога имал 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда.

Главниот фокус на компанијата е бизнис-консалтинг, но, исто така, е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.…

Повеќе фокус мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш
Следна Статија Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Д-р Беќаровски: Потпорниот ѕид над Клиника се руши, ако нема надлежен да го викнеме Александар Вучиќ да го среди

Познатиот доктор Нико Беќаровски повторно алармира за ризикот за минувачите кај скопските Клиники.  Имено, тој потсети дека  сè уште не се…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата

Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?