Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа
ПОЛИТИКА

Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

Објавено October 9, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат, оствари средба со универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, на која разговараа за проблемот со вандализмот и деструктивното однесување кај младите, како и за иницијативата во која се бараат измени во повеќе закони од областа на родителството, детската и малолетничката заштита и образованието.

„Имавме неколку инциденти на игралиштето во Капиштец кои беа снимени, а неодамна беше вандализирана и новата теретана во Паркот на Франкофонија. Затоа ја покренавме оваа иницијатива, ја доставивме до ЗЕЛС, ги активиравме сите институции и бараме законски измени кои ќе овозможат поефикасно справување со ваквите случаи. Предлогот ни е воведување општествено корисна работа за младите прекршители и нивните родители, со цел да се подигне јавната свест, да се поттикне одговорноста и да се спречи повторување на вакви појави,“ изјави Герасимовски.

Тој потсети дека општина Центар веќе спроведува активности насочени кон психолошка поддршка и здрав развој на децата.

„Први воведовме забрана за користење мобилни телефони за време на наставата, а класниот час секогаш е резервиран за разговор со учениците. Социјалните мрежи можат да бидат заводливи и токсични за младите, со содржини кои се невистинити и опасни. Затоа предложивме овие часови да бидат посветени на искрен разговор со наставникот и соучениците, со емпатија и разбирање. Само преку пренесување на вистинските морални вредности, го градиме моралниот кодекс кој ќе придонесе за правилен развој на нашите деца и за тоа како да бидат подобри граѓани на заедницата и општеството во кое живееме. Нешта што денес се поважни од кога било,“ додаде градоначалникот.

Во рамки на средбата, Герасимовски и професорката Стојаноска Иванова се согласија дека појавата на вандализмот бара поширока мобилизација, стратегија и вклученост не само на институциите, туку и на родителите и наставниците.

Општина Центар во изминатиот период ги реконструираше сите детски игралишта и постави нова теретана во Паркот на франкофонија, која неодамна исто така беше мета на вандализам, информираа надлежните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
Следна Статија Маврово меѓу првите десет скијачки центри во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што…

December 18, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните…

January 11, 2025
ПОЛИТИКА

Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?