Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас
СПОРТ

Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас

Објавено October 9, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Белгија во натпревар од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.  Нашиот национален тим веќе е во Гент и со нетрпение го очекува мечот со Белгија како лидер во групата.

Во пресрет на дуелот своите очекувања ги сподели еден од најискусните во македонскиот табор Александар Трајковски.

„Белгијците доволно знаат со каква селекција ќе играат. Ние покажавме квалитет на мечот во Скопје.

Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.

Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“, изјави Трајковски.

Средбата меѓу Белгија и Македонија во Гент се игра в петок од 20:45 часот. Три дена подоцна нашиот национален тим го дочекува  Казахстан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија
Следна Статија Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Серена: Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем…

April 18, 2025
СПОРТ

Винисиус ќе биде казнет, веројатно и продаден

Непримерното однесување на Винисиус Жуниор, во 72-та минута кога му беше јасно дека ќе биде заменет со Родриго, ја засени…

October 28, 2025
СПОРТ

Тонали и Фаџоли повторно под истрага поради нелегално обложување

Италијанските медиуми, меѓу првите „Кориере дела Сера“, донесоа неверојатни вести – 12 поранешни и актуелни фудбалери од Серија А се…

April 12, 2025
СПОРТ

Шест приказни кои треба да ги следите во натпреварот меѓу Биллс и Орлите

Како Орлите ќе се справат со актуелниот МВП на НФЛ? Какви увиди нудат новите играчи на Орлите кои претходно играле…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?