Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка
МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

Објавено October 9, 2025 15:52
Сподели
Сподели

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велат од АД ЕСМ по информациите објавени во дел од медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски.

Приведените лица, како што се наведува во соопштението од АД ЕСМ, се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

-Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ, се нагласува во соопштението.

Дел од медиумите денеска објавија дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која стана позната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Оваа компанија беше посочувана за една од најблиските на минатата влада.

Неофицијално, како што пишуваат дел од медиумите, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје
Следна Статија Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Ајдари: Поради аздисаноста на претходните функционери од вашата партија, буџетот не во состојба да понуди добри плати за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тасевски: Во М-НАВ се користи опрема од 1999, може да се случи „Кочани 2“

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски смета дека премиерот Христијан Мицкоски е лошо информиран од менаџментот во…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВНИМАВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“

Измамниците не губат време, па веќе смислија нов начин за богатење. Овој пак искористувајќи го системот „Безбеден град“. Неколку граѓани…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени бактерии во мусака и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?