Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

Објавено October 10, 2025 08:14
Сподели
Сподели

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација на правдата и постави директни прашања кон премиерот зошто не се спроведени реформи во судството и од што се плаши.

„Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина твоја влада ќе мора да одговара пред закон?“, рече Филипче пред присутните.

Претседателот на СДСМ директно го обвини Мицкоски дека не работи за независно судство,
туку за судство под негова контрола:

„Мицкоски не сака независно судство. Тој сака свое судство. Не сака обвинители по закон, туку обвинители по список од тефтерчињата во Белата палата. Тоа што го гледаме денес не е правда, туку партиска правда. Многу брзо Мицкоски, од голем реформатор, си го покажа вистинското лице – желба за партизација на судството. Сака да направи систем како оној на Груевски, каде што власта ќе одлучува кој ќе биде виновен, а кој ќе биде заштитен. “

Филипче праша дали ова се случува затоа што Мицкоски знае дека со независно судство, половина влада ќе мора да одговара пред закон.

„Ако навистина сакаш правда, биди маж. Кажи дека секој ќе одговара – и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од сите партии. Направи реформи и ќе имаш наша поддршка“, порача Филипче, повикувајќи на, како што рече, вистинска, непартиска правда за сите граѓани

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелската влада го одобри договорот со Хамас
Следна Статија Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во врска со работата на Македонско-бугарската експертска комисија за историски…

November 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ веќе 4 дена нема никакви прес-конференции, ниту пак соопштение испратено до јавноста. Да не говориме…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?